Младите во Акција!

July 11, 2008

Младите во Акција!

Младински образовен форум [МОФ] во периодот од 06.06 до 30.06. 2008, во соработка со 15 центри и 15 средни училишта од 14 градови низ Република Македонија, започнува со имплементација на проектот Локална младинска иницијатива.
Младите луѓе од Прилеп, Битола, Велес, Ресен, Кичево, Струга, Дебар, Делчево, Штип, Струмица, Кратово, Гевгелија, Неготино и Скопје ќе покажат активно учество во решавањето на проблемите кои ги опкружуваат и ќе превземаат локални иницијативи со цел да го подобрат квалитетот на својот живот и целокупниот животот во своите заедници.

Овие акции се почеток на тригиодишен проект кој го имплементира МОФ, а е поддржан од Фондацијата Институт отворено општество – Македонија [ФИООМ], а има за цел да ги потикне и поддржи младите да презвемаат иницијативи и активно да партиципираат во општествените случувања на локално ниво.

Во следните 3 години, МОФ и 15 локални центри ќе реализираат младински настани, изложби, концерти, промоции, едукации, тренинзи, јавни дебати, дебатни клубови, радио работилници, видео клипови, интернет акции, петиции, средби со граѓаните и средби со локалните самоуправи, единствено во насока на развој на локалната младинска иницијатива, решавање на младинските проблеми и учество во одлучувањето на локално ниво. За досега спроведените активности можете повеќе да дознаете преземајќи го извештајот за активности.

Паралелно со активностите МОФ ќе биде активен на едукација на младите за нивните права, за младинското оргaнизирање, аргументирано и јавно говорење, организација на настани, односи со јавноста и користење на нови медиуми. Од оваа едукација се очекува да произлезат голем број на проекти и конкретни младински акции за решавање на локалните проблеми. Тие треба да создадат силни локални младински капацитети кои ќе комуницираат и соработуваат со институциите во своето опкружување, а воедно ќе ја зацврстат соработка помеѓу младите луѓе на национално ниво.

Would you like to comment?